среда, 5 март 2025

Русија во име на босанските Срби побара вонредна седница на Советот за безбедност на ОН

Русија на барање на политичарите на босанските Срби побара вонредна седница на Советот за безбедност на Обединетите нации посветена на состојбата во Босна и Херцеговина, а таа би требало да биде одржана до 6 март зад затворени врати, потврдија повеќе извори.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Министерот за надворешни работи на БиХ Елмедин Конаковиќ им кажа на новинарите во Сараево дека знае дека Русија побарала седница и мисли дека е добро таа да се одржи бидејќи Советот за безбедност ќе добие прецизни информации за состојбата во БиХ.

„Веќе ги известивме за тоа што се случува во БиХ, односно дека во тек е удар на државата, нејзиниот устав и институциите“, кажа Конаковиќ и додаде дека тоа се однесува на постапките кои ги преземаат политичари од Република Српска поради пресудата изречена на претседателот на тој ентитет Милорад Додик.

Лидерите ан РС поради тоа иницираа донесување закони со кои во РС би се забранило дејствување на државниот суд и обвинителство како и безбедносните агенции кои дејствуваат на ниво на БиХ.

Ал џезира Балканс ја пренесе информацијата дека актуелната претседавачка на Претседателството на БиХ Жељка Цвијановиќ побарала од Русија побара да инсистира на вонредна седница на Советот за безбедност на ОН.

Таа тоа наводно го направила со објаснување дека Додик треба да се заштити од прогон на институциите на БиХ, особено од страна на високиот претставник Кристијан Шмит чиј легитимитет РС не го признава.

Русија го поддржува ставот на Додик и неговите соработници дека Шмит не е легално избран за висок претставник па затоа не може да наметнува измени на кривичниот закон врз основа на кои лидерот на босанските Срби е неправосилно осуден на една година затвор и шест години забрана за политичко дејствување.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ