Русија и Украина вчера меѓусебно се обвинија за кревање во воздух на руска пумпна станица за гас во погранична област, каде што се повлекуваа украински војници.
Русија повеќе пати ја напаѓаше украинската енергетска инфраструктура во тригодишните борби, а Украина гаѓаше енергетски објекти во Русија.
„Како и во 2022 година, повторно се користат провокации со цел да се наруши преговарачкиот процес. Јасно предупредуваме дека доколку режимот во Киев продолжи со својата деструктивна линија, Руската Федерација го задржува правото да одговори, вклучително и со симетричен одговор“, соопшти министерството.