сабота, 27 јули 2024

Русија: Уништивме 21 украински дрон

Руските системи за противвоздушна одбрана уништиле или пресретнале 21 беспилотно летало лансирани од Украина над Кримскиот Полуостров и неколку руски региони, објавија утринава руските новински агенции, повикувајќи се на руското Министерство за одбрана.

Илустрација: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Михаил Развозаев, гувернер на Севастопол на Крим назначен од Москва, на апликацијата за размена на пораки Телеграм изјави дека нема штета од нападот на Севастопол, најголемиот град на Крим и главното пристаниште на Црното Море.

Дронови лансирани од Украина беа соборени и над Белгород, регионите Брјанск, Калуга и Тула, пренесоа руските агенции.

Остатоци од дрон паднале на покрив на зграда во предградието на градот Калуга, административен центар на регионот Калуга, но немало поголема штета или повредени, изјави регионалниот гувернер Владислав Шапша на Телеграм.

Ројтерс не можеше независно да ги потврди извештаите. Немало веднаш коментари од Украина.

Киев ги засили своите воздушни напади во последните месеци во, како што вели, нападите насочени кон руската воена инфраструктура за да ги поткопа воените напори на Москва.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ