сабота, 27 јули 2024

Русија: Украински дрон се урна кај најголемата нуклеарка во Европа

Објавено на

часот

Сподели

Рафаел Гроси, шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија, денес треба да пристигне во руската ексклава Калининград. Посетата се случува една недела откако ја посети нуклеарната централа Запорожје на југот на Украина, која е под контрола на руските сили уште од првите недели на војната. Станува збор за најголемата нуклеарна централа во Европа.

Според рускиот воен офицер кој го цитира РИА, покрај централата се урнал дрон од полско производство потежок од два килограми. Новинската агенција не објави кога се случил падот.

Гроси се залага за демилитаризирана зона околу нуклеарната централа, околу која од почетокот на конфликтот во повеќе наврати се водеа борби.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ