понеделник, 16 декември 2024

Русија: Украинската војска употреби НАТО-касетна муниција во нападот на Горловка

Украинската армија употреби касетна муниција на НАТО за време на гранатирањето хотел во Горловка во самопрогласената Народна Република Доњецк (ДНР), соопштија во неделата руските вооружени сили.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Судејќи според карактеристичните фрагменти и парчињата пронајдени на местото на гранатирањето, вооружените сили на Украина употребија артилерија на НАТО од 155 милиметри калибар со касетна боева глава“, се наведува во извештајот, пренесува РИА новости.

При гранатирањето е оштетена фасадата на зградата на хотелот Стирол и околните станбени згради, а целосно изгорел еден приватен автомобил.

Горловка се наоѓа на 50 километри северно од Доњецк и беше една од најголемите населени области на ДНР пред почетокот на конфликтот во Донбас, кога имаше повеќе од 250.000 жители.

Во изминатите 24 часа вооружените сили на Украина отвориле оган на територијата на ДНР 29 пати, а во нападите биле повредени пет цивили, пренесува РИА новости.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ