сабота, 27 јули 2024

Русија: Уапсен француски државјанин обвинет за собирање воени информации

Француски државјанин, приведен во четвртокот во Москва, е обвинет дека собирал информации за воените активности на Русија, изјави денеска Јулија Иванова, шеф на прес-службата на Рускиот истражен комитет.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Рускиот истражен комитет соопшти дека осомничениот, кого не го идентификуваше, е обвинет дека не се регистрирал кај властите како странски агент додека собирал „информации за воените и воено-техничките активности на Руската Федерација“.

Се додава дека информациите може да се искористат на штета за безбедноста на земјата.

Како што изјави за РИА Новости извор од органите за спроведување на законот, станува збор за францускиот државјанин Лоран Винатје.

Винатје е советник на швајцарскиот непрофитен Центар за хуманитарен дијалог, наведува Ројтерс.

Францускиот претседател Емануел Макрон го оцени апсењето на Винатје како руска кампања за дезинформации.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ