сабота, 27 јули 2024

Русија тврди дека уништила 20 дрона: спречени обиди на киевскиот режим да изврши терористички напади

Руските сили денес соопштија дека неутрализирале 20 украински дрона во неколку руски региони, особено на границата со Украина.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Во текот на ноќта се спречени неколку обиди на киевскиот режим да изврши терористички напади на локации на територијата на Русија“, се наведува во соопштението на руското министерство за одбрана.

Руската војска неутрализирала 20 дрона, две балистички ракети и пет балони кои главно се користат за одвлекување на вниманието на противвоздушните системи, наведува руското министерство.

Шеснаесет дрона и две ракети се уништени над Белгородската област која граничи со Украина и која е мета на речиси секојдневни украински напади.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ