сабота, 27 јули 2024

Русија тврди дека соборила украински балистички проектил над Крим

Објавено на

часот

Сподели

„Противвоздушната одбрана над Република Крим собори балистички проектил испукан од украински систем „гром-2“. Нема разурнување ниту човечки жртви“, порача на Телеграм Сергеј Аксионов, гувернерот на Крим поставен од Москва. Еден од неговите советници, Олег Крјушков подоцна кажа дека, според ажурираните информации, соборени се две ракети од „гром-2“, но Франс прес не можел да ги потврди податоците од независни извори.

Како што пренесува руската државна новинска агенција ТАСС, ова е втор пат властите да пријават употреба на украински балистички проектили „гром“ над Крим. Претходниот извештај бил минатиот месец.

Од 2022 година Крим е честа мета на напади со украински дронови. На крајот на април поради напад со дрон се запали складиште на нафта во Севастопол, матичното пристаниште на руската Црноморска флота.

Најновата информација доаѓа во момент кога во последните неколку недели во Русија има сè повеќе саботажи со дронови, понекогаш длабоко во руска територија, но извршителите не се идентификувани.

Кремљ го смета Киев за одговорен, кој негира одговорност.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ