сабота, 27 јули 2024

Русија тврди дека одбила украински ракетен напад врз Крим

Руските власти денеска соопштија дека го одбиле украинскиот напад врз Севастопол на присвоениот полуостров Крим, и дека собориле десет ракети.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Во нападот е повредено едно лице.

„Ова беше најмасовниот напад во последно време“, изјави на Телеграм гувернерот на Севастопол, Михаило Развојаев, кој беше назначен од Русија по анексијата на украинскиот полуостров во 2014 година.

Според него, фрагменти од соборените украински ракети паднале во населени места и повредиле најмалку едно лице.

„Десет украински ракети се уништени од силите за воздушна одбрана над полуостровот Крим“, соопшти руското Министерство за одбрана.

Стратешката команда на украинската армија тврди на Телеграм дека „го погодила командниот пункт на руските окупациски сили во близина на Севастопол“.

Крим е клучен регион за логистиката на руските сили кои заземаат дел од јужна Украина. Полуостровот на Црното Море редовно е мета на украински ракети и беспилотни летала.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ