сабота, 27 јули 2024

Русија тврди дека го уништила последниот борбен брод на украинската морнарица

Објавено на

часот

Сподели

„На 29 мај, последниот брод на украинската воена морнарица „Јуриј Олефиренко“ е уништен како резултат на напад со прецизно оружје на руските воздухопловни сили во пристаништето на морнаричките бродови во Одеса“, соопшти Конашенков. Изразот „високо прецизно оружје“ најчесто се користи за паметните проектили.

Русите тврдат дека украинската морнарица пред почетокот на конфликтот имала околу 25 борбени бродови, вклучувајќи пет патролни и шест артилериски бродови. Олег Чалик, портпаролот на украинската морнарица, кажа дека нема да одговара на какви било тврдења на Русите. Истакна дека украинската морнарица не планира да открива информации за загубите за време на траењето на војната.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ