сабота, 27 јули 2024

Русија тестирала спроведување масовен нуклеарен контранапад (ВИДЕО)

Русија успешно ја тестирала својата способност за спроведување на масовен возвратен нуклеарен напад на копно, море и воздух, се наведува во денешното соопштение на Кремљ. „За време на вежбата се спроведени практични лансирања на балистички и крстосувачки проектили“, се наведува во соопштението.

Објавено на

часот

Сподели

Државната телевизија објави снимка од разговор на рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу и рускиот претседател Владимир Путин за вежбата. Во истото соопштение на Кремљ се наведува дека интерконтинентална балистичка ракета „јарс“ била лансирана од полигон на далечниот исток на Русија, додека подморница на нуклеарен погон лансирала балистичка ракета од Баренцово Море.

Бомбардери со долг дострел Ту-95МС испукале крстосувачки проектили, се додава. Русија ја отповика ратификацијата на значајниот договор за нуклеарно тестирање со што се изедначи со Соединетите Американски Држави во однос на тоа прашање.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ