сабота, 27 јули 2024

Русија спречила украински саботери да се инфилтрираат на руска територија

Објавено на

часот

Сподели

Објавата дојде еден ден откако рускиот претседател Владимир Путин предупреди дека саботери дејствуваат внатре во Русија.

„Денеска граничниот оддел на ФСБ (Федералната служба за безбедност на Русија) во регионот Брјанск спречи обид на украинска диверзантска група од 20 лица да влезе на територијата на Русија, во близина на селото Случовск“, изјави регионалниот гувернер Александар Богомаз на Телеграм.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека нивните сили, заедно со ФСБ, „спречиле обид за навлегување… на територијата на Руската Федерација“, од страна на повеќе од 15 лица.

„Диверзантската група беше растурена и, со претрпени загуби, се повлече на територијата на Украина“, се вели во соопштението на Министерството.

Во последните недели руските власти објавија неколку обиди на „саботери“ од Украина да упаднат во пограничните региони.

Руската служба за безбедност (ФСБ) вчера соопшти дека уапсила украински пилот чиј мал авион се урнал во областа Брјанск.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ