сабота, 27 јули 2024

Русија: Со гранатирање кај Авдиивка Украинците убија 14 свои војници што ни се предадоа

Објавено на

часот

Сподели

Во артилериски напад на украинските сили денеска загинаа сите 14 украински војници што им се предадоа на руските војници кај Авдиивка, соопшти денеска портпаролот на руското Министерство за одбрана Игор Конашенков.

Тој рече дека „режимот во Киев „намерно“ го уништува својот воен персонал со артилериски оган, со цел да ги спречи обидите на војниците да ги напуштат своите позиции и да се повлечат кога ќе бидат нападнати од руските војници.

„Ноќта украинската артилерија намерно отвори огромен оган врз земјанката со предадениот украински персонал, истрелувајќи околу 300 гранати од голем калибар. Сите 14 украински војници што доброволно го положија оружјето беа убиени во нападот од украинската артилерија“, изјави Конашенков.

„Очигледно е дека овој чин на немоќ на командата на вооружените сили на Украина го покажува почетокот на колапсот на киевскиот режим, кој е подготвен да се бори до последниот Украинец“, рече портпаролот и додаде: „Нашите војници продолжуваат систематски да ги денацификуваат и демилитаризираат вооружените формации на режимот на Киев во областа на специјалната воена операција.“

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ