сабота, 21 декември 2024

Русија синоќа го нападна Киев со дронови

Русија изврши напад со беспилотни летала врз украинскиот главен град Киев во текот на ноќта, предизвикувајќи штета на цивилната инфраструктура, соопштија градските власти.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Русија изврши напад со беспилотни летала врз украинскиот главен град Киев во текот на ноќта, предизвикувајќи штета на цивилната инфраструктура, соопштија градските власти.

Над градот беа забележани повеќе од десет јуришни беспилотни летала од иранско производство, од кои повеќето беа соборени, изјави Серхиј Попко, шеф на локалната воена администрација.

Во неколкучасовниот напад оштетени се 20-тина автомобили и една плинска цевка во станбена зона, а остатоци се најдени и на детско игралиште, додаде тој.

Русија редовно испраќа беспилотни летала и проектили над украинските места и градови далеку зад првите линии на фронтот во својата инвазија која трае две и пол години.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ