сабота, 27 јули 2024

Русија се повлече од договорот за нуклеарно оружје

Рускиот парламент го заврши гласањето за законот со кој Москва се повлекува од ратификувањето на глобалниот договор за забрана на тестирање на нуклеарно оружје. Горниот дом, Советот на федерацијата, го одобри законот едногласно со 156 гласа, откако едногласно го усвои и Долниот дом, Думата. Сега оди на потпишување кај претседателот Владимир Путин.

Објавено на

часот

Сподели

Претходно овој месец, Путин ги повика пратениците да воведат промената за да ја „рефлектираат“ позицијата на Соединетите Држави, кои го потпишаа, но никогаш не го ратификуваа Договорот за сеопфатна забрана на нуклеарни тестови (ЦТБТ).

Русија вели дека нема да продолжи со нуклеарно тестирање доколку не го стори тоа Вашингтон, но експертите за контрола на оружјето се загрижени дека тоа би можело да доведе до приближување до тест што Западот би го сметал за заканувачка ескалација во контекст на војната во Украина.

Украина ја обвини Русија дека ја зголемува „нуклеарната уцена“.

Иако никогаш формално не стапи во сила, ЦТБТ го направи нуклеарното тестирање табу – ниту една друга земја освен Северна Кореја не извршила тест што вклучува нуклеарна експлозија овој век. Експертите за контрола на оружјето велат дека руски или американски тест може да предизвика нова трка во вооружување во време на акутната меѓународна тензија, со војни кои беснеат во Украина и на Блискиот Исток. Тие велат дека ако едната земја изврши нуклеарна проба, другата веројатно би го направила истото, а други како Кина, Индија и Пакистан би можеле да следат.

Си-ен-ен минатиот месец објави сателитски снимки на кои се гледа дека Русија, САД и Кина изградиле нови капацитети на своите полигони за нуклеарни тестирања во последниве години.

Американското Министерство за енергетика минатата недела соопшти дека извршило хемиска експлозија на местото за нуклеарни тестирања во Невада „за да ја подобри способноста на Соединетите Држави да детектираат нуклеарни експлозии со мала моќност низ целиот свет“.

Говорејќи пред руските пратеници пред гласањето во среда, заменик-министерот за надворешни работи Сергеј Рјабков рече дека експлозијата во Невада „несомнено е политички сигнал“. „Како што рече нашиот претседател, мораме да бидеме внимателни и ако Соединетите Држави се придвижат кон започнување нуклеарни тестови, ќе мора да одговориме овде на ист начин“, рече тој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ