сабота, 18 мај 2024

Русија распиша потерница по Зеленски

Руското министерство за внатрешни работи распиша потерница по украинскиот претседател Володимир Зеленски, јави руската државна новинска агенција РИА Новости.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Володимир Александрович Зеленски, 25 јануари 1978. Бара по член од Кривичниот закон“ се наведува во базата на податоци на интернет страницата на руското министерство. Не е прецизиран членот по кој е распишана потерницата по украинскиот претседател.

Во базата е наведено и местото на раѓање на лицето, градот Кривој Рог во Дњепропетровската област. Објавена е и фотографија на Зеленски направена пред војната. Зеленски во 2019 година беше избран за претседател на Украина. за нов мандат требаше да се натпреварува на претседателски избори оваа година, но тој одлучи да ги откаже од безбедносни причини.

Агенцијата Спутник пишува дека Русија распишала и потерница по Валериј Залужни, поранешниот врховен командант на украинските оружени сили.

Русите во последните денови распишаа потерници по низа украински политичари: секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана Александар Литвиненко, поранешниот министер за правосудство Павел Петренко, поранешниот шеф на Службата за безбедност Валентин Налваиченко, поранешниот министер за финансии Александар Шлапак и поранешниот шеф на Народната банка Степан Кубив.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ