сабота, 27 јули 2024

Русија распиша потерница по министерот за внатрешни работи на Естонија

Министерот за внатрешни работи на Естонија Лаури Ланеметс е ставен на потерница, наведено е денес во базата на податоци на министерството за внатрешни работи на Русија.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Руското министерство наведува дека Ланеметс е баран по член на кривичниот закон, пренесува РИА Новости, но без да прецизира за кој конкретно кривичен член станува збор.

Руските власти на 13 февруари распишаа потерница по премиерката на Естонија, Каја Калас, поради нејзините активности за отстранување на спомениците од советската ера.

Таа е првиот лидер на некоја земја по која руските власти распишале потерница.

На таа листа се и државниот секретар на Естонија Тајмар Петеркоп, и министерот за култура на Литванија Симонас Кајрис, како и бројни други функционери од Летонија, Литванија и Полска.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ