сабота, 27 јули 2024

Русија распиша потерница по естонската премиерка

Русија денеска издаде налог за апсење на естонската премиерка Каја Калас. Веб-страницата на руското Министерство за внатрешни работи ја вклучи Калас во својата база на податоци како „барано лице според кривичниот закон“.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков подоцна објасни дека налогот за апсење на естонската премиерка е издаден поради „непријателските дејствија против Русија“ и „сквернавење на историското сеќавање“. Потерници биле издадени и за државниот секретар на Естонија Таимар Петеркоп и литванскиот министер за култура Симонас Кајрис.

Руски безбедносен извор, кој сакаше да остане анонимен, изјави за руската државна новинска агенција ТАСС дека тројца балтички политичари се гонат за „уништување на спомениците на советските војници од Втората светска војна“.

Калас гласно ја поддржува Украина од почетокот на сеопфатната инвазија на Русија во февруари 2022 година. Таа исто така беше еден од најсилните гласови во Европската унија и НАТО кои се залагаа за снабдување на украинските сили со повеќе оружје.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ