среда, 23 октомври 2024

Русија прогласи вонредна состојба на „федерално ниво“ во Курск поради украинскиот упад

Русија прогласи вонредна состојба на „федерално ниво“ во регионот Курск, локацијата на четиридневниот упад на украинските сили. Соопштението дојде неколку час по украинскиот напад на тамошниот аеродром.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Како одговор на упадот, руското министерство за одбрана соопшти дека префрла дополнителни сили во регионот, вклучувајќи повеќецевни ракетни системи „град“, артилерија и тенкови.

Државните медиуми брзо известија за преместувањето на трупите во Курск, вклучувајќи видео снимка од руската војска во движење, а снимки има и на социјалните мрежи.

Прекуграничната акција во руската област Курск е опишана како најголем напад на руско тло откако рускиот претседател Владимир Путин ја нареди инвазијата на Украина во февруари 2022 година.

Многу работи се нејасни, вклучувајќи го бројот на украинските војници кои учествуваат, иако руската војска тврди дека вклучува околу 1.000 војници и повеќе од две десетини оклопни возила и тенкови.

Од почетокот на упадот на 6 август, украинските трупи преземале контрола над околу 600 квадратни километри територија и повеќе од дваесетина населби, според локалните власти, провоените блогери и објавените разузнавачки извештаи.

Украинските власти не ја потврдија операцијата официјално, но украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа кажа дека Русија „треба да ги почувствува“ последиците на својата војна.

Украинската војска тврди дека во текот на ноќта го погодила аеродромот во Липецк на југот на Русија, оштетувајќи залихи на наведувани бомби.

„Евидентирани се неколку извори на експлозии, изби голем пожар и забележани се повеќе детонации“, соопшти војската на Киев на Телеграм.

Претходно руските медиуми, вклучувајќи ја агенцијата ТАСС, известија за пожар на воениот аеродром во Липецката област, која се наоѓа западно од Курската област, каде што се одвива упадот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ