недела, 28 април 2024

Русија повторно бара седница на Советот за безбедност на ОН за бомбардирањето на Југославија

Русија побара одржување состанок на Советот за безбедност на Обединетите нации за НАТО бомбардирањето на СР Југославија во 1999 година, но руските дипломати и понатаму чекаат одговор од јапонското претседателство, кажа синоќа првиот заменик на постојаниот претставник на Русија во ОН Дмитриј Полјански.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Полјански кажа дека Русија на 25 март „испратила официјално писмо до јапонското претседателство во кое бара што побрзо да се одржи состанок на Советот за безбедност посветен на 25-годишнината од агресијата на НАТО на Југославија“, пренесува руската државна агенција ТАСС.

НАТО го почна бомбардирањето на СР Југославија на 24 март 1999 за наводна заштита на албанското население на Косово од српските безбедносни сили, без дозвола од Советот за безбедност на ОН, што е без преседан.

Претходниот предлог на Русија Советот за безбедност на 25 март да расправа за бомбардирањето на Југославија не беше усвоен.

За тогашниот предложен дневен ред гласа три членки на Советот – Русија, Кина и Алжир, додека останатите 12 беа воздржани. За усвојување се потребни девет гласа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ