сабота, 27 јули 2024

Русија почна да користи тенкови „армата“ за гаѓање на украински позиции

Објавено на

часот

Сподели

Агенцијата наведува дека руските војници почнале да ги користат најновите тенкови „армата“ за отворање оган врз украински позиции, но дека овие тенкови сѐ уште не учествувале во директни офанзивни операции.

Тој извор вели дека тенковите Т-14 „армата“ добиле дополнителна странична заштита од противтенковска муниција.

Тенковите „армата“ првпат биле тестирани во борбени услови во Сирија. Тенкот е специфичен по тоа што членовите на екипажот се сместени во оклопна капсула во предниот дел на тенкот.

„Армата“ има комбиниран повеќеслоен оклоп, а главното вооружување е топ 2А82-1М со калибар 125 милиметри, кој може да користи наведувани проектили со дострел од осум километри.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ