Средбата, по барање на Русија, ќе се одржи зад затворени врати, рекле за Дпа дипломатски извори.
Сиријците во неделата се соочија со нова политичка реалност откако бунтовниците го зазедоа главниот град Дамаск, окончувајќи го режимот на Ал Асад, кој побегна во Москва.
Бунтовничкиот сојуз предводен од исламистичката Хајат Тахрир ал-Шам (ХТС) кон крајот на ноември започна ненадејна офанзива во северозападна Сирија, а потоа брзо ја зазеде територијата од провладините сили додека се движеа кон Дамаск.
Асад ја напушти земјата и избега во Русија.
Сириските бунтовници соопштија дека му ставиле крај на 24-годишното авторитарно владеење на Башар ал Асад, во првото обраќање на државната телевизија по молскавична офанзива што го изненади светот.