сабота, 27 јули 2024

Русија објави снимка од Т-90 во вистинска борба во Украина (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Се претпоставува дека видеото е направено во првите три месеци од почетокот на оваа година бидејќи сè уште се гледа снег на бојното поле.

Видеото е снимено од перспектива на возачот. Тенкот преминува и во позиција за пукање. Најверојатно позицијата е однапред избрана. И околината е важна бидејќи екипажот на тенкот Т-90М се позиционира меѓу џбунови и дрвја.

На снимката се гледа дека тенкот почнува да пука и се гледа уништувањето на украинските позиции некаде напред во далечината. Тенкот пука над линијата на дрвјата, што значи дека метата е најверојатно оддалечена најмалку еден километар. Дронови ги снимиле уништувањата на украинските мети.

По облеката на екипажот на Т-90 се гледа дека времето е студено. Во внатрешноста екипажот накратко го демонстрира системот за автоматско полнење. Откако мисијата е завршена, тенкот се враќа назад.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ