На видеото се гледаат видно измачени мажи како лежат на кревети во болничко одделение, завиткани во ќебиња. Многумина од нив гледаат право пред себе.
Би-би-си ги преведе изјавите и пишува дека неколку мажи им рекле на снимателите дека за нив се грижат лекари, кои им дале лекови и им ги смениле завоите. Еден од нив вели дека односот на Русите е нормален и дека тој не е изложен на физичко или психичко малтретирање.
[video:https://www.youtube.com/watch?v=-HwBEZ4ecLE autoplay:0]Русија претходно објави дека вкупно 959 украински борци, вклучувајќи 80 ранети, се предале од понеделникот од бункерите и тунелите под фабриката за челик Азовстал во Мариупол. Руското Министерство за одбрана соопшти дека 694 украински борци се предале во изминатите 24 часа, вклучително и припадници на Азовскиот полк, од кои 29 ранети.
Според истиот извор, 51 ранет се сместени во болница во Новоазовск, населба под контрола на Русите и нивните сепаратистички сојузници. Министерството не соопшти ништо за судбината на затворениците, а некои руски пратеници инсистираат дека затворениците не треба да се разменуваат за руски затвореници.
[video:https://www.youtube.com/watch?v=OC0JUldq79E autoplay:0]