сабота, 27 јули 2024

Русија не сака да го обнови договорот за извоз на житарки преку Црно Море, не гледа причина за негово продолжување

Објавено на

часот

Сподели

Русија веќе долго време најавува дека ќе се повлече од договорот бидејќи не се исполнети ветувањата дека ќе може да ги извезува сопствените жито и ѓубрива. Кон средината на мај се согласи да се продолжи договорот на два месеци и од тогаш порачува дека не гледа основа за негово понатамошно продолжување. Руското министерство во соопштение истакна дека договорот овозможил испорака на украинското жито во „добро нахранети земји“, но не и помош на оние на кои најмногу им треба во Африка, Азија и Јужна Америка.

Петте најсиромашни земји – Етиопија, Јемен, Авганистан, Судан и Сомалија – добиле само 2,6 отсто од извезеното жито, истакнува руското министерство и додава дека се влошила ситуација со руските жито и ѓубрива. „Под тие услови очигледно е дена нема основа за продолжување на Црноморската иницијатива, која истекува на 17 јули“, се наведува.

Русија истакна дека не гледа никаков напредок околу низа свои барања, вклучувајќи го повторното спојување на нејзината државна земјоделска банка во западниот систем за плаќање СВИФТ. Портпаролката на министерството Марија Захарова кажа дека е „невозможен предлогот на ЕУ“ да се формира посебна подружница на банката која ќе може да го користи СВИФТ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ