„Тешко е тука да се замисли присуството на Русија, која очигледно не ја разбира вредноста на слободата. Таквото присуство би било цинично. Би сакал тоа да е повторно можно еден ден, но да бидеме сериозни, сигурно нема да биде во следните чеитири месеци“, порача тој.
Музејот Аушвиц-Биркенау, кој се наоѓа во јужниот полски град Ошвејнчим, одлучил да не ги покани руските претставници трет пат од почетокот на конфликтот во Украина во февруари 2022 година.
Нацистичка Германија го изградила логорот на смртта Аушвиц-Биркенау по инвазијата на Полска во Втората светска војна. Германските нацисти во Аушвиц убиле околу 1,1 милион луѓе, главно Евреи, Роми, Словени и луѓе од други националности. Логорот го ослободила советската Црвена армија на 27 јануари 1945 година.