сабота, 27 јули 2024

Русија: Нападите на Харков се одмазда за украинскиот напад на Белгород

Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека во текот на ноќта нападнало административни центри и воени објекти во украинскиот град Харков во знак на одмазда за украинското бомбардирање на рускиот град Белгород. Бројот на загинати во украинскиот ракетен напад врз Белгород се искачи на 24, соопшти гувернерот на регионот.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Во објава на Телеграм, Вјачеслав Гладков рече дека има и 108 ранети по нападот во саботата, во кој, како што рече, се оштетени 37 станбени згради. Украинските власти соопштија дека Русија го гаѓала Харков со проектили и беспилотни летала пред новогодишната ноќ, при што биле повредени најмалку 28 луѓе и биле погодени станбени згради, хотели и медицински установи.

Како и другите руски погранични зони, Белгород беше цел на гранатирање и напади со беспилотни летала во текот на целата година, за што властите ја обвинија Украина. Двете страни негираат дека целеле цивили во војната што Русија ја започна против својот сосед во февруари 2022 година.

Според Обединетите нации, повеќе од 10.000 цивили биле убиени во Украина и речиси 60 луѓе во Русија. Гладков повторно во неделата наутро ги повика жителите на градот Белгород да се скријат во засолништа, откако беше издадено предупредување за ракетна закана.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ