„На овој значаен ден пред 33 години македонските граѓани се определија за сувереноста и самостојноста на државата. Посакуваме овие принципи, кои ги оттогаш симболизира историскиот датум 8 Септември, да бидат и понатаму патоказ за македонскиот народ.
Нека ви е честит Денот на независноста!, се вели во честитката објавена на Фејсбук страницата на Руската амбасада во Скопје и на платформата Х.