петок, 26 јули 2024

Русија на 25-годишнината од НАТО бомбардирањето на Србија: Америка со оружје ја пумпа самопрогласената република

Американската администрација се обидува да ја натера светската заедница да заборави на варварските бомбардирања на Југославија по налог на Белата куќа пред 25 години, објави руската амбасада во Соединетите Американски Држави.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Пред четврт век, по налог на Белата куќа, Сојузна Република Југославија стана мета на варварско бомбардирање кое траеше 78 дена. Сега САД залудно се обидуваат да ја уверат меѓународната заедница да заборави на трагедијата“, се наведува во соопштението на руската амбасада.

„Цинично го повикуваат Белград да сврти страница и да се придружи на Северноатлантската алијанса, токму онаа која на просперитетната земја ѝ донесе разурнување, смрт и болка. Касетната муниција и гранатите со осиромашен ураниум ги уништија животите на генерации на српскиот народ“, се додава.

„Пред 25 години Вашингтон беше тој кој го почна процесот на уништување на меѓународното право со цел да го замени со „поредок заснован на правила“, кој го измисли една единствена држава. Со неказнивоста ја отвори Пандорината кутија и доведе до агресија на други суверени нации“, се истакнува во соопштението.

„На Балканот сè уште не е мирно. Актуелната администрација се обидува да ја поткопа стабилноста, договарајќи се со своите марионети во Приштина и со оружје пумпајќи ја самопрогласената република, спротивно на резолуциите на Советот за безбедност на ОН“, се заклучува.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ