сабота, 27 јули 2024

Русија му го продолжи притворот на американскиот новинар: на Гершкович му се заканува казна од 20 години затвор

Објавено на

часот

Сподели

Гершкович во април побара да биде во куќен притвор, а не во затвор, но судот го одби тоа, како и понудената кауција од 614.000 долари, и тој се наоѓа во московскиот затвор Лефортово, пренесува Си-ен-ен.

Руските власти го уапсија Гершкович на 30 март во Екатерининбург, источно од Москва, додека работел како дописник за американскиот весник Волстрит џурнал и го обвинија за шпионирање, за што му се заканува казна од 20 години затвор.

Федералната служба за безбедност на Русија соопшти дека Гершкович е притворен под сомнеж дека шпионирал во корист и по налог на американската влада.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ