сабота, 27 јули 2024

Русија масовно ги депортира мигрантите по терористичкиот напад во Москва

Русија спроведува рации во домови и станови за кои е познато дека има централноазиски мигранти и врши масовни депортации како одговор на неодамнешниот терористички напад врз Москва, објави денеска рускиот независен медиум Медуза.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Неколку вооружени напаѓачи отворија оган во концертната сала Крокус во Красногорск, предградие на Москва, вечерта на 22 март, при што убија 139 луѓе.

Огранок на Исламската држава (ИСИС) ја презеде одговорноста за нападот набргу потоа, а Русија приведе четворица мажи од Таџикистан, наводните извршители на нападот. Вкупно, повеќе од десетина лица беа уапсени под сомнение дека се поврзани со нападот.

Извештаите сугерираат дека нападот ги влошил постојните антитаџикистански и антимигрантски чувства во Русија, земја која е домаќин на милиони работници од Таџикистан и други поранешни советски централноазиски земји.

Во последната недела од март, судовите во Санкт Петербург „примија 584 случаи на административни прекршоци поврзани со непочитување на миграциското законодавство“, пишува Медуза.

Од нив, прегледани се 515 предмети, а на 418 странци им е одредена мерка депортација во специјалните центри за привремен притвор.

„Уште 48 лица треба да платат казна и сами да ја напуштат Руската Федерација“, вели Медуза.

Само на 28 март два авиони со депортирани полетаа од аеродромот Пулково во Санкт Петербург, изјави за Медуза неименуван адвокат за човекови права.

„Сите специјални центри за притвор се преполни“, рече адвокатот.

Министерството за труд, вработување и миграција на Таџикистан денеска извести дека повеќе таџикистански мигранти во Русија се враќаат дома од вообичаено.

Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) вчера тврдеше дека спречила уште еден „терористички напад на преполно место“ во Ставрополскиот регион во јужна Русија.

ФСБ тврдеше дека уапсила тројца државјани на неименувана централноазиска земја кои наводно планирале да предизвикаат експлозија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ