вторник, 22 октомври 2024

Русија: Ловец на американската коалиција опасно се приближи до наш авион во Сирија

Ловец-бомбардер на коалицијата предводена од САД во Сирија синоќа „опасно“ се доближи до руски авион за надзор над провинцијата Хомс, јави руската државна новинска агенција ТАСС, повикувајќи се на руски воен претставник во оваа блискоисточна земја.

Илустрација: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Соединетите Држави имаат 900 војници во Сирија и 2.500 во соседен Ирак во мисија за советување и помош на локалните сили кои се обидуваат да го спречат обновувањето на Исламската држава, која зазеде големи делови од тие земји во 2014 година, но подоцна беше потисната.

„Коалициониот ловец-бомбардер Ф/А-18 дојде во опасен контакт со авион Ан-30 на руските вселенски сили, кој вршеше планиран лет во сирискиот воздушен простор“, го цитира ТАСС капетанот Олег Игнасјук, заменик-шеф на рускиот Центар за помирување на спротивставените страни во Сирија.

„Рускиот екипаж, покажувајќи голема професионалност, веднаш ги презеде неопходните мерки за да спречи судир“, рече Игнасјук. Инцидентот се случи над областа Ал Танф во Хомс, јави ТАСС.

Ројтерс не можеше независно да го потврди извештајот, а американското Министерство за одбрана не одговори веднаш на барањето на Ројтерс за коментар на извештаите во медиумите.

САД имаат воена база во регионот Ал Танф во Сирија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ