вторник, 22 октомври 2024

Русија кривично ги гони странските новинари кои биле во Курск

Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) соопшти денес дека отворила постапка против двајца странски новинари кои нелегално ја преминале руската граница за да известуваат од регионот Курск по украинскиот упад, јави новинската агенција Интерфакс. Повикувајќи се на ФСБ, Интерфакс јави дека меѓу новинарите биле репортер на германската телевизија Дојче веле и дописник на украинскиот ТВ канал 1+1.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

ФСБ отвориле кривични постапки за најмалку седум странски новинари кои известувале од Курск. Новинарите со украинскиот воен конвој патувале од Украина во Суџа, каде наишле на речиси напуштен град во кој останале неколку десетици постари жители.

Најголемата казна за секој кој ќе биде прогласен за виновен за нелегално преминување на границата е пет години затвор.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ