петок, 26 јули 2024

Русија ќе затвори неколку сибирски затвори. Им недостасуваат затвореници

Властите на руската област Краснојарск планираат годинава да затворат неколку затвори поради падот на бројот на затвореници предизвикан од нивната мобилизација во војната против Украина, пишува весникот Комерсант.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Руските медиуми го наведоа Марко Денисов, комесар за човекови права во Краснојарск, кој им рекол на регионалните власти дека најмалку два затвора ќе бидат затворени поради „големото еднократно намалување на бројот на затвореници во контекст на специјалната воена операција“.

Русија регрутира затвореници за својата офанзива во Украина од 2022 година, кога Евгениј Пригожин, убиениот водач на платеничката група Вагнер, започна турнеја низ затворските колонии, нудејќи им на затворениците помилување доколку преживеат шест месеци на фронтот.

Пригожин, кој загина во авионска несреќа набргу откако го предводеше краткотрајниот бунт против руските воени водачи, тврдеше дека регрутирал 50.000 затвореници за Вагнер.

Руските затворски власти потоа објавија статистички податоци што покажаа ненадеен пад на бројот на затвореници.

Руското Министерство за одбрана продолжи да регрутира осуденици за своите формации Сторм-З.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ