сабота, 19 октомври 2024

Русија ќе забрани посвојување деца во земји каде што може да се промени полот

Вчера Долниот дом на рускиот парламент со големо мнозинство во своето прво читање го одобри законот со кој се забранува посвојување руски деца од граѓани на земји каде промената на полот е легална. Овој предлог-закон ќе мора да помине низ уште две читања во Државната дума пред да биде испратен до Горниот дом, а потоа до претседателот Владимир Путин.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Во последниве години, Путин и други високи функционери сè повеќе повикуваат на почитување на „традиционалните вредности“ наспроти западниот либерализам. Претседателот на Државната дума, Вјачеслав Володин, изјави дека нацрт-законот има за цел „да ги заштити децата и традиционалните вредности“ и дека ќе влијае на граѓаните на десетици земји, пренесува Асошиејтед прес.

„Неопходно е да ги заштитиме нашите деца од опасностите со кои може да се соочат при посвојување или старателство од државјани на странски земји каде е дозволена промената на полот“, рече тој.

„Не се работи за тоа дека рускиот морален компас и морални основи имаат за цел само да ги заштитат традиционалните вредности и разбирањето на бракот како заедница на маж и жена, туку тоа е директна заштита на животот на детето“, додаде потпретседателката на парламентот Ирина Јароваја.

Минатата година, рускиот Врховен суд го забрани ЛГБТК движењето како екстремистичко. Во 2022 година, Путин потпиша закон со кој се забранува дистрибуција на ЛГБТК информации на луѓе од сите возрасти, проширувајќи ја забраната од 2013 година за дистрибуција на контроверзни материјали на малолетници.

Русија, исто така, планира да донесе закон за забрана на јавната пропаганда на идејата за доброволно избирање да се нема деца. Додека населението на Русија се намалува, Путин во своите изјави се залага за создавање големи семејства, а минатата година ги повика жените да имаат дури осум деца.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ