среда, 5 март 2025

Русија ќе му помага на Вашингтон во разговорите со Техеран

Русија се согласила да ѝ помогне на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп во комуникацијата со Иран за прашањата на нуклеарната програма на Техеран и иранската поддршка на регионалните антиамерикански влади, пишува Блумберг.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Трамп за тоа разговарал со претседателот на Русија Владимир Путин во февруари, а функционери на кабинетот на Трамп разговарале за тоа со своите руски колеги во Саудиска Арабија. Иран и САД во 2015 година го потпишаа „Иранскиот нуклеарен договор“ според кој Техеран треба ги намали своите нуклеарни капацитети, во замена за ублажување на санкциите, меѓутоа Вашингтон се повлече од тој договор во 2019 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ