сабота, 27 јули 2024

Русија ќе гради нуклеарни реактори во Узбекистан

Русија ќе му помогне на Узбекистан да изгради нуклеарни реактори од мал обем како дел од договорот потпишан за време на посетата на претседателот Владимир Путин во таа централноазиска земја, објави денеска државната новинска агенција ТАСС.

Фото: социјални мрежи

Објавено на

часот

Сподели

Од 2018 година Москва и Ташкент водат разговори за изградба на првата нуклеарна централа во Узбекистан, која е петти најголем снабдувач на ураниум во светот.

Со проценета цена од околу 13 милијарди долари, проектот се очекува да биде финансиран најмногу преку руски заем.

„Денес ќе потпишеме важен договор за имплементација на проекти за изградба на мали модуларни реактори во Узбекистан“, рече узбекистанскиот претседател Шавкат Мирзијоев за време на разговорите со Путин.

Русија ја искористи изградбата на нуклеарни централи во земји како Индија и Турција како начин да изгради регионално влијание и да ги зајакне врските со другите пазари во развој.

Узбекистан најголем дел од својата електрична енергија генерира користејќи гасни турбини, но сака поефикасно да ги користи своите големи резерви на природен гас за да извлече поголема додадена вредност поради загриженоста за енергетски недостиг.

Во меѓувреме, Русија и Узбекистан се согласија да ја зголемат трговската размена на 30 милијарди долари како дел од посетата на Путин во Ташкент оваа недела, што е негово трето патување во странство од преземањето на неговиот петти претседателски мандат.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ