понеделник, 21 октомври 2024

Русија: Киев изврши напад со беспилотни летала врз Москва и околните региони

Украина започна напад со дронови насочен кон Москва и неколку други руски региони, соопштија руските власти.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Дронот што леташе кон Москва е уништен во регионот околу руската престолнина, изјави градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин во објава на апликацијата за размена на пораки Телеграм.

Најмалку 12 беспилотни летала лансирани од Украина се уништени и над пограничниот регион Брајанск во југозападна Русија, изјави гувернерот на регионот Александар Богомаз на Телеграм.

Две беспилотни напаѓачки летала исто така биле соборени над Курската област, изјави на Телеграм Алексеј Смирнов, вршител на должноста гувернер на регионот, кој беше делумно окупиран од Украина по инвазијата.

Според првичните информации, нема повредени или материјална штета, соопштија надлежните.

Ројтерс не можеше независно да ги потврди извештаите. Во моментов нема коментари од Украина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ