сабота, 27 јули 2024

Русија: Ќе размислиме за отворање на украинските пристаништа доколку се укинат санкциите

Објавено на

часот

Сподели

Украина, еден од најголемите светски производители на житарки, извезуваше најголем дел од своите производи преку пристаништата на Црното Море, но откако руските војници беа испратени во Украина беше принудена да ги извезува своите производи преку железница или помали речни пристаништа.

Директорот на Светската програма за храна на ОН (ВФП) Дејвид Бисли во средата го повика рускиот претседател Владимир Путин да ги отвори пристаништата на Црното Море.

„Ако имате и малку срце, ве молиме, отворете ги пристаништата“, рече Бисли.

ВФП храни околу 125 милиони луѓе и купува 50 отсто од житарките од Украина.

Рускиот заменик-министер за надворешни работи Андреј Руденко му одговори: „Покрај обраќањето до Руската Федерација, морате длабоко да погледнете и во сложеноста на причините што ја предизвикаа актуелната криза со храна и, пред сè, тука се санкциите кои САД и ЕУ ги наметнаа на Русија кои ја нарушуваат нормалната, слободна трговија, вклучувајќи и на прехранбените производи како пченица, ѓубрива и други производи“.

Украина е спречена да ги користи пристаништата на Црното и Азовското Море, па извозот на житарици овој месец е преполовен во споредба со истиот месец минатата година.

Заедно, Русија и Украина произведуваат една третина од светските резерви на пченица. Украина е исто така главен производител на пченка, јачмен, сончогледово масло и маслодајна репка.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ