сабота, 27 јули 2024

Русија ќе размисли за отворање на украинските пристаништа ако се укинат санкциите

Објавено на

часот

Сподели

Украина, еден од најголемите произведувачи на житарки во светот, повеќето свои производи ги извезуваше преку црноморските пристаништа, но од влегувањето на руските трупи во Украина приморана е извозот да го врши преку железница или преку помалите речни пристаништа.

Директорот на програмата на ОН за храна (ВФП) Дејвид Бисли побара вчера од рускиот претседател Владимир Путин да ги отвори црноморските пристаништа.

„Ако имате срце, ве молат, отворете ги пристаништата“, порача Бисли.

ВФП прехранува околу 125 милиони луѓе и купува 50 отсто од житарките од Украина.

Заменикот руски министер за надворешни работи Андреј Руденко му одговори: „Освен обраќањето до Руската Федерација, морате исто така длабоко да погледнете во сложеноста на причините кои ја предизвикаа актуелната криза со храна и, пред сè, тука се санкциите кои САД и ЕУ ѝ ги наметнаа на Русија кои ја попречуваат нормалната, слободна трговија, вклучувајќи ги прехранбените производи како пченицата и други прозиводи“.

Украина не може да ги користи пристаништата на Црното и Азовското Море и извозот на житарки овој месец е за половина помал во однос на истиот месец минатата година.

Русија и Украина произведуваат третина од светските резерви на пченица. Украина е исто така голем произведувач на пченка, јачмен, сончогледово масло и маслена репка.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ