сабота, 27 јули 2024

Русија ќе ја зајакне противвоздушната одбрана во близина на Финска

Објавено на

часот

Сподели

Руската инвазија на Украина, која започна на 24 февруари минатата година, а Москва ја опишува како „специјална воена операција“, се претвори во исцрпувачка артилериска војна со широка употреба на беспилотни летала и ракети, тестирајќи ги противвоздушните способности на двете земји.

Генералот Андреј Демин, заменик началникот на воздухопловните сили, во интервју објавено денеска во весникот Црвена ѕвезда, вели дека руската противвоздушна одбрана се соочила со голем број предизвици поради украинските напади.

Русија распореди повеќе од 50 мобилни радарски станици, авион за рано предупредување и контрола А-50 патролира 24 часа на ден, а ракетните и противвоздушните системи во областите до Украина се зајакнати, рече Демин.

Противвоздушните единици во украинските покраини кои се под руска контрола се распоредени за одбрана на клучните инсталации, а Русија го зголеми производството на системот против дронови РЛК-МЦ, додаде тој. Реформите „несомнено се во план и ќе се спроведат“, рече Демин.

„Целта на претстојните промени е развој на вооружените сили, насочени кон подобрување на противвоздушниот систем на Руската Федерација“, објасни тој. Демин истакна дека Москва, исто така, ќе ја зајакне својата одбрана откако Финска, која дели 1.300 километри долга граница со Русија, се приклучи на НАТО.

„Во овие услови, противвоздушните сили го решаваат прашањето за заштита на државната граница во северозападниот дел на земјата во согласност со зголеменото ниво на закана“, рече Демин.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ