Тој додаде дека треба да се развијат способностите на приватните инвеститори за да можат да привлечат пари од Азија, па дури и од Европа и Америка на алтернативни начини, пренесува РИА новости.
Аксаков рече дека, во создавањето поволни услови за приватните инвеститори во Русија, има големи надежи за дигитални финансиски средства како што е дигиталната рубља.
Министерството за финансии на Русија неодамна објави дека државниот буџетски дефицит за периодот од јануари до април изнесува 41,33 милијарди евра.
Државните приходи се намалени за 22,0 отсто, а расходите се зголемени за 26,0 отсто во однос на истиот период лани, соопшти тогаш руското Министерство за финансии.
Руските приходи од нафта и гас се намалени за 52,0 отсто во првите четири месеци во споредба со истиот период минатата година.