„Без оглед дали е во услови на проширување на иранската нуклеарна програма или не, ние сме против наметнување такви мерки врз Иран“, изјави заменик-министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Рибаков за агенцијата Итар-тасс.
Тој смета дека новите санкции нема да го спречат Иран во своите нуклеарни намери.
САД воведе дополнителни санкции против Иран минатиот месец, а се очекува и ЕУ да се согласи за забраната за извоз на иранска нафта до крајот на овој месец.