сабота, 27 јули 2024

Русија ја стави во употреба подморничката интерконтинентална ракета „булава“

Русија ја стави во погон интерконтиненталната балистичка ракета „булава“ која се лансира од подморница, објавија државните медиуми, што е нов чекор во модернизацијата на нејзиниот нуклеарен арсенал.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Новинската агенција ТАСС ја пренесува изјавата на главниот дизајнер на „булава“ Јуриј Соломонов, кој кажал дека одлуката за тоа е најавена со декрет од 7 мај, истиот ден кога претседателот Владимир Путин го почна новиот шестгодишен мандат во Кремљ.

Путин го предупредува Западот од почетокот на конфликтот во Украина дека директна интервенција на силите на НАТО би можела да предизвика нуклеарен конфликт. Во март кажа дека не верува дека на Вашингтон „му се брза“ кон тоа, но истакна дека руските нуклеарни сили се технички подготвени.

Во ноември руското министерство за одбрана кажа дека една подморница успешно да тестирала „булава“, лансирајќи ја од подводна позиција во Бело Море и погодувајќи мета оддалечена илјадници километри на полуостровот Камчатка на истокот.

ТАСС јавува дека руската Северна и Пацифичка флота сега имаат седум подморници од класата „бореј“ и секоја носи по 16 ракети „булава“. Соломонов е главниот дизајнер на московскиот Институт за топлинско инженерство, а ги развил и руските интерконтинентални балистички ракети „топол-М“ и „јарс“.

Според вашингтонскиот Центар за стратегиски и меѓународни студии, „булава“ има дострел од 8.300 километри.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ