сабота, 27 јули 2024

Русија ја поздрави одлуката на Бајден да не ѝ праќа на Украина ракетни системи со долг дострел

Објавено на

часот

Сподели

Попладнево Џо Бајден потврди дека САД не планираат да ѝ испратат на Украина ракетни системи што можат да стигнат до Русија. САД ѝ дадоа на Украина значителна воена помош откако Русија ја почна инвазијата на земјата кон крајот на февруари.

Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, сега ја поздрави одлуката на Вашингтон како „рационална“.

„Бајден рече дека Соединетите Држави нема да испратат на Украина ракетни системи што можат да стигнат до Русија. Тоа е разумно“, порача Медведев денеска на својот канал на Телеграм.
 
„Во спротивно, во случај на напади врз нашите градови, руските вооружени сили ќе постапат според предупредувањето да ги нападнат центрите каде што се носат такви криминални одлуки. Некои од нив сигурно не се во Киев. Не се потребни објаснувања…“, напиша Медведев.
 
Претходно, рускиот амбасадор во Вашингтон, Анатолиј Антонов, рече дека се надева оти „здравиот разум ќе надвладее“ и дека Соединетите Држави нема да испратат оружје со ракетни системи со долг дострел во Киев.

Москва отворено ги осуди САД за снабдувањето на Украина со оружје за време на, како што ја нарекува, „специјалната воена операција“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ