„Почнува активната фаза во која ќе се разработуваат најсложени мисии, што е можно послични до борбените мисии“, кажа Путин, а пренесуваат руските агенции.
Тој истакна дека ова е првпат во последните три децении Русија да изведува волку голема вежба на море.
Според рускиот претседател, вежбата ќе се одржува истовремено во водите на „Тихи и Арктички Океан, Средоземно Море и Касписко и Балтичко Море“ и во неа ќе учествува, покрај бродовите, и авијацијата.
The Myth of the “Defeat” of the Russian Navy by Ukraine is laughable.
Today, the Russian Navy begins ‘Ocean 2024’ strategic exercise
400 warships, submarines, support vessels, 120 aircraft, 7,000 units of military and special hardware, and more than 90,000 personnel pic.twitter.com/bEuGDHSmlq
— Chay Bowes (@BowesChay) September 10, 2024
Путин истакна дека Вашингтон и неговите сојузници отворено најавуваат планови за распоредување ракети со среден и краток дострел, вклучувајќи и на острови во западниот дел на Тихи Океан, како и во некои земји од Азиско-пацифичкиот регион.
„Со таквите акции САД сакаат да ја нарушат постоечката архитектура на безбедноста и рамнотежата на силите во регионот, фактички предизвикувајќи трка во вооружувањето и не водејќи сметка за безбедноста на своите сојузници“, истакна Путин.
Вежбата на руската морнарица Океан 2024 почна денес, а во неа ќе учествуваат повеќе од 400 воени бродови, подморници и помошни пловила, соопшти руското министерство за одбрана.
Во вежбата ќе учествуваат и повеќе од 120 авиони и хеликоптери на воената морнарица и воздушно-вселенските сили, а ќе бидат вклучени и околу седум илјади парчиња вооружување, воена и специјална опрема, како и повеќе од 90 илјади луѓе.
Во маневрите учествуваат и бродови и авијацијата на Народноослободителната војска на Кина, а претставници на 15 држави се повикани како набљудувачи. Вежбата Океан 2024 ќе трае до 16 септември.