сабота, 27 јули 2024

Русија ја обвинува Украина за нов напад на нуклеарната централа во Запорожје, Киев негира

Раководството на украинската нуклеарна централа во Запорожје која е под руска контрола соопшти дека Украина е одговорна за денешниот напад со дрон на објектот.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Украински дрон ја нападна нуклеарната централа во Запорожје, само 10 минути откако денес ја посетија претставници на мисијата на Меѓународната агенција за атомска енергија (ИАЕА)“, го пренесе агенцијата РИА Новости соопштението на руското раководство на централата.

Украинската воена разузнавачка агенција одговори на тврдењата на Москва дека денес е погодена зграда за обука во близина на централата, дека Киев не презема никакви воени акции против нуклеарни објекти.

„Позицијата на Украина е јасна и недвосмислена – не вршиме никакви воени акции или провокации на нуклеарни објекти“, кажа портпаролот на украинската воена разузнавачка служба Андриј Јусов.

Безбедноста на нуклеарната централа Запорожје во Украина не била директно загрозена од нападот на дронот кој предизвикал експлозија, но објектот е во „исклучително сериозна состојба“, соопшти денес Меѓународната агенција за атомска енергија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ