Генерал полковникот Игор Кирилов, началникот на Силите за нуклеарна, биолошка и хемиска одбрана НБЦ), беше убиен заедно со својот помошник вчера рано наутро откако бомба беше детонирана пред неговиот стан во Москва. „Уште еднаш се потврдува дека киевскиот режим не се воздржува од терористички методи“, им кажа Песков на новинарите.
Руските власти објавија денес дека го уапсиле осомничениот за тероризам, кој наводно кажал дека го регрутирала украинската специјална служба. Песков ги пофали руските безбедносни служби и агенциите за спроведување на законите за нивната „брза и ефикасна работа“.
Во низа коментари на социјалните мрежи, украинската безбедносна служба СБУ ја презема одговорноста за „специјалната операција“ против „воениот злосторник“ Кирилов. Еден ден пред неговото убиство, Украина поднесе кривични пријави против Кирилов поради наводна употреба на забрането хемиско оружје во конфликтот.
Песков истакна дека смртта на Кирилов е доказ дека Москва била во право за почнувањето на инвазијата на Украина во 2022 година.