На прес-конференција во Москва, Лавров го обвини официјален Вашингтон дека помага во терористички напади врз енергетската инфраструктура и тврди дека има планови да се напаѓа гасоводот Турски тек.
„САД не толерираат конкуренција во која било сфера, вклучително и во енергетиката. Тие непромислено поддржуваат терористички активности насочени кон поткопување на енергетската стабилност на Европската Унија“, изјави Лавров.
Лавров понатаму рече дека САД ги „охрабруваат“ своите украински сојузници да го „оневозможат Турски тек“ по саботажата на Северен тек. Обвинувањата на Лавров доаѓаат еден ден откако руското Министерство за одбрана соопшти дека собориле украински беспилотни летала кои се обиделе да нападнат дел од инфраструктурата на гасоводот Турски тек.