Руската војска во градот Стриј, во областа на Лавов, погодила мети во близина на железнички јазол, воен аеродром на кој требало да бидат испорачани западните авиони ловци Ф-16 и складишта со опрема која западните земји ѝ ја испратиле на Украина, наведе Лебедев.
Според него, руските сили погодиле област во близина на фабриката Дарницки за поправка на железнички вагони и фабриката на авиони Антонов во Киев, кажал Лебедев, а пренесуваат руските медиуми.
Руската војска погодила и аеродром за хеликоптери во Полтава и енергетскиот систем на Полтавската област.
Како одговор на нападите на оружените сили на Украина на цивилни цели, руските трупи редовно вршат напади на војниците и опремата на оружените сили на Украина, на странските платеници, но и енергетската инфраструктура, одбранбената индустрија и воената администрација.